Натпреварувачката комисија на ФФМ го суспендира теренот во Тетово за настапи како домаќин на поранешниот македонски фудбалски шампион Шкендија. Тетовските „црвено-црни“ се предадени пред дисциплинците во ФФМ каде ги очекува казна поради хаосот кој го предизвикаа навивачите пред и за време на неделниот натпревар од 32. прволигашко коло со новиот првак Шкупи (0:0). Во инцидентните сцени на теренот во Тетово беа вклучени и играчите од двата тима.
Полни раце работа ќе имаат дисциплинците кое веќе го работата случајот со инцидентот во Тетово и се очекуваат казните за сите ученицит во нередите.
Новиот првак на земјава беше дочекан на недоличен начин, уште пред натпреварот беше нападната делегацијата на Шкупи и имаше повредени дури и играчи. Потоа следеа скандали и на теренот, погоден беше фудбалер кој заработи дупната глава, потоа беше удрен и помошен судија, а имаше и бројни пропусти од безбедносен и организациски аспект.