Се запали бугарски камион во близина на Деве Баир

Вчера во 19,05 часот било пријавено дека на магистралниот пат во правец од Крива Паланка кон Граничниот премин „Деве Баир“, кај место викано „Долна маала“-сeло Узем, во движење се запалило товарно моторно возило ,,даф“ со бугарски национални ознаки, управувано од Л.С.В.(56) од Р.Бугарија.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Треба да знаете
Последни објави