Општина Кисела Вода информира дека по избувнувањето на пожарот во населбата Пинтија, градоначалникот Филип Темелковски веднаш излезе на терен со десет сезонски работници и вработени во Општината и заедно со пожарникарите на Противпожарната бригада учествува во неговото гасење.
Локалната самоуправа ќе дава поддршка до целосното гасење на пожарот.