Мотокрос шампионот Христијан Илиоски го освои второто место на БMУ Европскиот мотокрос шампионат што се одржа во Романија.
Илиоски го освои второто место по пет години пауза од големи интернационални натпревари.
– Се враќам на старите патеки, со нови успеси после подолга пауза. Ова е како нов убав сон и пресреќен сум. Благодарен сум на мојот клуб до моите спонзори, до сите мои фанови и до моето семејство, истакна Илиоски на својот фејсбук-профил.