Тројца членови на единицата за интервенции, еден постар офицер и наставник во Полициската академија се меѓу осумте француски полицајци кои неодамна извршиле самоубиство, со што бројот на вакви случаи во земјата годинава се искачи на 64.
Бројот на самоубиства меѓу француските полицајци сега е поголем од бројот на оние кои загинале на должност, пренесе агенцијата АП.
И на заштитниците им е потребна заштита, велат полициските синдикати, кои бараат поголема помош во стопирањето на овој негативен тренд, најлош во последните 30 години.
Оние кои избрале да посегнат по својот живот доаѓаат од сите делови на Франција и се на различна возраст.
Собраниското испитување објавено во јули покажува дека најчести причини за самоубиствата, наводно биле стресот и очајот меѓу припадниците на француската полиција, меѓудругото предизвикани и од прекувремената работа по серијата терористички напади од 2015 година, а честопати и од насилните антивладини протести од ноември минатата година.
Во извештајот се наведува дека бројот на полициските самоубиства е дури за 36 проценти повисок од оној кој се бележи кај целокупното француското население.
Самоубиствaта кај полицајците се проблем во многу земји, но во Франција бројот е исклучително голем.