Капитенот на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Лионел Меси се опорави од повредата и ќе може да конкуриа за составот на тимот против Бетис. Аргентинецот ја пропушти турнејата на Барселона во САД, како и првиот натпревар од новата сезона во Примера, кој актуелниот бранител на трофејот го загуби од Атлетик Билбао (1:0).
Меси денеска е најавено дека ќе тренира со соиграчите.
Во второто коло Барселона нема да може да смета на услугите на Луис Суарез кој се повреди на првиот меч од новата сезона.