Дербито во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи донесе голем број прекини, а последниот беше предизвикан поради удар кон помошникот на Александар Ставрев.
Во еден момент публиката фрли тврд предмет и го погоди линискиот судија во ногата. Тоа донесе нов прекин и нова мешаница на теренот, по која се судрија и фудбалерите на двата тима.
Најжестоки беа Егзон Бејтулаи и Мамаду Данфа. Мораа да реагираат Гоце Седлоски и Артим Шаќири за да ги смират двете страни. Следеше неколкуминутен прекин, Данфа беше испратен дури и во соблекувалната за да се смири, поради расистички испади од трибините.
На почетокот на вториот дел со камен во глава беше погоден Ардит Иљази, играчот на Шкупи.