Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска одлучи да го одбие барањето на адвокатот Еленко Миланов, бранител на обвинетиот Исмет Гури во случајот на СЈО познат под името „Титаник 3“ кој бараше да се изземат застапниците на обвинителниот акт, обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Писмената одлука на Катица Јанева денеска е пратена до скопскиот Кривичен суд.
Денеска адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски. Тој побара и целосен прекин на постапката до изнесување на Судот по нивното барање.