Италијанскиот репрезентативец Марио Балотели призна дека неговата мајка плачела кога дознала дека ќе игра во градот каде што пораснал – Бреша.
Роден во Палермо, Балотели се пресели во Бреша на возраст од две години и неговите посвоители живееја таму, додека неговиот татко не почина во 2015 година.
– Мајка ми плачеше кога реков дека ќе играм за Бреша. Таа беше многу среќна, рече стрелецот на голот при својата презентација.
Дваесет и девет-годишниот напаѓач му се придружи на клубот на слободен трансфер откако неговиот договор со Марсеј истече летово и не беше обновен.
Балолели не игра во Италија веќе три години, а за последно го носи тимот на Милан.
– Немам страв дека ќе доживеам неуспех. Добро сум и се чувствувам многу смирено, рече тој.
Во својата кариера, Балотели има играно и за екипи како Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул и Ница.