Членот на ЦО на СДСМ, Пеце Мирчевски денеска, на маалска средба се сретна и разговараше со жителите на с.Глуво, општина Чучер – Сандево.
Непосредните средби со граѓаните на терен се прилика да се слушнат потребите, но и сугестиите и идеите на граѓаните со цел изнаоѓање на соодветни решенија.
Токму за таа цел тимови на СДСМ од почетокот на летото во рамки на работните активности се помеѓу граѓаните низ целата држава, а ваквиот тип на средби стануваат дел од функционирањето на партијата.
Со присутните граѓани, Мирчевски попладмево разговараше за досегашните реформи и мерки кои ги направи Владата предводена од СДСМ во повеќе сектори и придобивките кои ги добиваат граѓаните од нив.
Успешните аграрни реформи даваат реални резултати. Над 50 илјади картички за мерката зелена нафта веќе се поделени, мерка преку која 55 илјади земјоделци добиваат за 30 отсто намалување на трошокот за гориво и воедно 200 илјади денари завршуваат назад кај земјоделците. Мерката млад земјоделец дава можност од ослободување на младите земјоделци до 40 години ослободување од плаќање на закуп на земјоделското земјиште за првите три години, а распределбата на земјоделското земјиште денес се прави неселективно и транспарентно, достапно на секој земјоделец. – истакна Мирчевски.
Денес имаме раст на откупните цени на земјоделските производи и тоа според последните податоци од 145 отсто кај краставицата, 115 отсто кај лубеницата и 85 отсто кај доматите, а раст на откупните цени имаме и кај грозјето, сливата, пиперката и други земјоделски производи. Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата.
Мирчевски посочи дека преку мерката МојДДВ со која 15 отсто од ДДВ се враќа кај граѓаните скенирани над 11 милиони фискални сметки, со промет над 5,5 милијарди денари , од тоа над 92 милиони денари или 1.5 милион евра се враќаат назад кај граѓаните само од досегашното реализирање на мерката.
Покрај бенефитот за физичките лица,бенефит од поврат на ДДВ имаат и правните лица. Забележан е зголемен поврат на ДДВ кон фирмите за 14.5 отсто или 30 милиони евра повеќе во споредба со истиот период минатата година.
СДСМ продолжува со маалските средби со граѓаните. Останува посветено да работи во интерес на граѓаните и државата.