Наполи оствари победа од 1:0 против Торино на гостински терен во првиот меч од саботната програма од 36-то коло во Серија А.
Етрелец на единствениот гол беше Фабија Руиз во 73-та минута а со тоа тимот тимот од Неапол остана теоретски во играта. Капитенот на оваа екипа, Лоренцо Инсиње во 60-та минута промаши пенал кој беше одбранет од голманот Бериша.
Интересно е што и на првата средба меѓу овие две екипи, пеналот на Инсиње беше одбранет од страна на Вања Милинковиќ Савиќ а исто така Наполи славеше со 1:0.
Елиф Елмас влезе токму на местото на Инсиње во 77-та минута, но не успеа да се запише во листата на стрелците.
Како што кажавме, Наполи е со теоретски шанси за титулата во Серија А. За да дојдат до нејзе, потребно е Милан да не слави на утрешниот меч против Верона, додека во последните две кола, миланските екипи треба да ги изгубат и двете средби, додека Наполи да ги победи, што секако е речиси невозможно.