Дембеле нема да конкурира за тимот на Барса најмалку пет седмици

Напаѓачот шпанскиот фудбалски првак Барселона, Усман Дембеле ќе отсуства од терените најмалку пет недели, објавија Каталонците на официјалната веб-страница на клубот. На францускиот интернационалец му беше дијагностицирано оштетување на бутниот мускул.

Ова треба да стави крај на гласините дека Дембеле би можел да се пресели во Пари Сен-Жермен како дел од договор за трансфер на Нејмар во обратен правец.

Договорот на Дембеле со Барселона важи до 2022 година. Минатата сезона, тој исто така имаше здравствени проблеми и не играше редовно. 

Треба да знаете
Последни објави