Кошаркарската репрезентација на Србија ќе замине во Кина на Светското првенство кое започнува на 31 август без капитенот Милош Теодосиќ. Еден од најдобрите организаторот на играта Теодосиќ ќе остане дома, за да прави забрзана рехабилитација со надеж дека се ќе оди според планот и ќе им се приклучи на „орлите” во завршната фаза од Мундобаскетот. Конечната одлука дали Теодосиќ ќе игра на СП или не, ќе се знае до 29 август, кога е последниот ден за пријавување играчи со кои ќе настапат репрезентациите.
Србите пред стартот на СП, во Кина ќе одиграат три подготвителни натпревари. Селекторот Александар Ѓорѓевиќ за контролите ќе смета на 12 кошаркари.
Ако Теодосиќ не може да настапи, капитен на репрезентацијата на Србија ќе биде центарот Мирослав Радуљица.