Новиот напаѓач на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Лука Јовиќ во овој преоден рок може да го промени тимот. Според „Газета дело спорт” италијанскиот Милан обелоденил дека е 21-годишниот Србин ќе го добие на позајмица.
Шпанските медиуми објавија дека за време на подготвителните натпревари Јовиќ не го убедил тренерот на Реал, Зинедин Зидан дека е за во првиот тим на „кралевите“, па затоа тој и не смета на неговите услуги. За да не седи на клупата или трибината Јовиќ ќе оди во Милано каде ќе има многу поголема минутажа за докажување.
Јовиќ во јуни годинава беше купен од Ајнтрахт Франкфурт за 60 милиони евра.