Нема германско финале во ЛЕ: Ренџерс го шокираше Лајпциг, Ајнтрахт пак подобар од Вест Хем

Фудбалерите на Ренџерс направија големо изненадување и го елиминираа РБ Лајпциг во полуфиналето на Лигата на Еверопа, односно дојдоа билет за финалето во Севилја во кое ќе ги одмерат силите против Ајнтрахт Франкфурт.

Избраниците на Ван Бронхорст уште еднаш покажаа дека не неверојатно силни, мотивирани кога играа во својот дом на „Ајброкс“, па така вечерва со триумфот од 3-1 дојдоа на еден чекор од пехарот во второто по ранг европско натпреварување.

Таверние и Камара донесоа предност од 2-0 за шкотскиот првак во првото полувреме. Гостите се обидуваа да се вратат во вториот дел и преку Нкунку во 71 намалија на 2-1, резултат кој значеше продолженија со оглед на тоа што бундеслигашот славеше со 1-0 минатата седмица.

Сепак Ренџерс го имаше последниот збор и во 81 минута преку Лундстрам одново дојде до два гола позитива што се покажа како пресудно за триумф вреден европско финале.

Таму ќе се соочат со уште еден германски прволигаш Ајнтрахт Франкурт кој по втор пат беше подобар од Вест Хем. Црвениот картон на Кресвел во 17. минута ја олесни задачата на Франкфурт, а предноста од еден играч на теренот германскиот тим ја искористи девет минути подоцна преку Боре за овој резултат да остане на семафорот до самиот крај.

Мечот за титула во Лигата на Европа е закажан на 18 мај. Ќе се игра на стадионот „Роман Санчез Писхуан“ на Севиља. Победникот од овој дуел ќе добие и виза за следната сезона во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави