По повеќе од четиричасовен распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција излезе специјалната обвинителка Катица Јанева. Нејзиниот распит ќе продолжи, а Јанева не знае дали ќе се прошири истрагата „Рекет“ и против неа.
-Не можам да кажам дали истрагата ќе се прошири. За тоа ќе ја прашате обвинителката, рече Јанева.
Специјалната овинителка не откриваше детали за тоа што била прашувана за да не и наштети на постапката. Возврати на прашањата за сомневањата дека ги форматирала телефоните пред да и бидат одземени.
-Не е точно дека телефониите биле загубени. Неодстасува само третиот, двата се наоѓаат во обвинителството на вештачење, кажа Јанева која негираше дека ги форматирала телефонските-апарати пред да и бидат одземени.
Јанева не потврди, ниту негираше дека на снимката каде му се обраќа наводно на Орце Камчев е нејзиниот глас.