Словенечката полиција пронајде во близина на Подлевник, на североисток во државата, 73 мигранти кои пребегале од Хрватска.
Во групата се 62 Пакистанци, четворица од Бангладеши, тројца Авганистанци, тројца Сомалијци и еден Индус. Сите, освен 12 малолетни лица и двајца повредени возрасни, се вратени во Хрватска.
Полицијата исто така уапси тројца возачи во текот на ноќта, двајца Срби и еден од Казахстан, кои шверцувале шест мигранти.