Анчелоти откри што им покажал на своите играчи во пресрет на реваншот со Сити

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа со што ги мотивирал своите избраници пред полуфиналниот натпревар од  фудбалската Лига на шампионите против Манчестер сити.

– Тоа беше видео од сите наши враќања оваа сезона. Беа осум, а по завршување на видеото им посочив дека ни треба уште еден „кам-бек”, изјави Анчелоти за „ESPN”.

Во првиот натпревар „граѓаните” го победија Реал со резултат 4:3, а синоќа на реваншот во Мадрид беше 3:1 за шпанскиот клуб.

Реал на 28 мај во финалето во Париз ќе игра со Ливерпул. 

Треба да знаете
Последни објави