Германскиот фудбалски вице-шампион Борусија Дортмунд ќе го обнови договорот на една од своите млади sвезди, Џејден Санчо со значително подобрени финансиски параметри, пренесува „Билд”.
Деветнаесет-годишниот Англичанец направи одлична мината сезона со „жолто-црните”, забележувајќи 13 голови и 19 асистенции на 43 официјални средби. Тој ја продолжи својата низа со уште 2 гола и 2 асистенции во првите три натпревари за време на оваа кампања.
Силните настапи на Санчо го разбудија интересот на неколку од водечките клубови во англиската Премиер лига, а Борусија Дортмунд прават се што можат за да го задржат талентот.
Тој има договор со Дортмунд до летото 2022 година, но според новиот договор, неговата плата ќе се удвои на 6 милиони евра по сезона.