Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим успеал да го „извлече последниот атом и да направи нов резултаски пресврт за нов пласман во финалето од елитното клупско фудбалско натпреаврување Лигата на шампионите. Најтрофејниот со европски шампионски титули – 13, шпанскиот Реал во походот по 14-та круна го елиминира англискиот Манчестер сити дури во продолженија совладувајќи го со 3:1 (вккупно 6:5).
Италијанецот воедно изјавил дека ако „мора да каже“ што е иницијаторот на пресвртот, тоа е „историјата на клубот“ што не дозволува тимот да се предаде дури и кога се чини дека „нема враќање назад“.
– Среќен сум што сме во финалето, и што ќе играме против уште еден голем тим. Ќе биде фантастичен натпревар – вели тренерот на „кралевите“.
Реал во финалето ќе се сретне со Ливерпул, а натпреварот е закажан за 28 мај и ќе се игра во Париз, Франција.



