Универзитетот ФОН и SWISS UMEF Универзитетот од Женева, Швајцарија, денес потпишаа договор за издавање на двојни дипломи со кои, студентите имаат можност да студираат во прв, втор и трет циклус студии, со македонска школарина, по исти услови и во државава и во Женева, а ќе добијат, двојни дипломи. Усогласувањето на студиските програми,контролата на квалитетот и и критериумите што ги нуди швајцарскиот образовен систем, траеше повеќе од една година и денес, конечно, имаме особена чест и задоволство да ги најавиме овие заеднички програми со двојни дипломи.
Повеќе информации имате во атачментот кон оваа електронска пошта, а со неа Ви испраќаме и дигитални фотографии од настанот, кој се случи денес во 12 часот во скопскиот кампус на Универзитетот ФОН.