Продолжува трендот на раст на платите што е уште една потврда дека економијата е стабилна и поставена на здрави основи, се вели во соопштението на СДСМ.
Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во јуни 2019 година изнесува 25.205 денари што за 4.1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.
Ова воедно претставува пораст на просечната плата за 1002 денари за период од една година.
Трендот на раст на платите продолжува и понатаму . Се отвори спиралата на раст на платите, откако претходно имавме раст на минималната плата од 9 000 на 12.500, но и покачување на платите во повеќе сектори, предвидено со буџетот за 2019 година.
Истовремено, преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, раст на платите имаме и во приватниот сектор.
СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветено да работи на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните.
Зборот важи!