Популарниот пејач Џастин Бибер (25) и неговата избраничка, американската манекенка Хејли Болдвин (22), речиси го одредија датумот за официјално одбележување на својата венчавка. Гламурозната прослава е закажана за следниот месец.
Џастин и Хајли се свршија на Бахамите минатиот јуни, а потоа тие тајно се венчаа во Њујорк во септември истата година. Двојката моментно го разгледува најсоодветниот датум за официјална прослава на свадбата со семејството и најблиските пријатели, посочува извор близок на славната двојка за ТМЗ.
Точниот датум на прославата сè уште не е познат, но Бибер и Хејли планираат поканите за гостите да ги испратат за една недела. Пријателите велат дека Џастин и Хејли одлично се вклопуваат и во моментот живеат идиличен живот.