Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ со победата над Гаел Монфис од Франција со 2:0 во сетови 6:3 и 6:2 го започна Мастерс турнирот во Мадрид.
Противник на српскиот ас во осминафиналето во шпанскиот главен град ќе биде подобриот од мечот Енди Мареј (В. Британија) – Денис Шаповалов (Канада).
Со овој триумф воедно Ноле останува на првото место на АТП ранг листата, во понеделник ќе ја започне 369 недела на светскиот врв.
Интересно, ова беше 18 меѓусебен меч помеѓу Ѓоковиќ и Монфис и на сите досегашни 18 мечеви славеше Ѓоковиќ.
Првиот сет беше прекинат при резултат 2:2 поради дожд, а кога повторно беа исполнети условите за игра, Ѓоковиќ одигра многу подобро. Брзо дојде до брејк предност, поведе со 5:2 и потоа без поголеми проблеми го приведе сетот кон крајот.
Во вториот сет играта на најдобриот светски тенисер стана уште посигурна. Веќе во третиот гем Ѓоковиќ направи нов брејк, малку подоцна уште еден за водство од 5:2, а потоа на свој сервис го победи ривалот.