Полициски возила и голем број полицајци го опколија домот и ја затворија улицата во скопската населба Козле каде живее Катица Јанева.
Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева во Скопје.
Јанева во придружба на повеќе полицајци и со цивилно полициско возило е однесена од нејзиниот дом најверојатно во Обвинителството.
Наредната локација на која полицијата ќе врши претрес е канцеларија на Јанева во СЈО, по што ќе следи понатамошна судска постапка.
Јанева вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет”.
Во 14 часот е закажана прес-конференција во ЈОРМ на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка Лилјана Спасовска и шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска.