Шпанскиот Вилјареал вечерва (21 ч.) ќе го пречекаат англискиот Ливерпул во реванш натпреварот од полуфиналниот двомеч во фудбалската Лига на шампионите. „Црвените“ од „Енфилд“ имаат предност од (2-0) по првите 90 минути одиграни минатата среда во Англија.
По елиминацијата на Јувентус и Баерн Минхен, Вилјареал се соочува со најголемиот предизвик сезонава бидејќи првпат на реваншот ќе брка негатива. Тренерот на „жолтата подморница“, Унаи Емери се надева дека ќе може да смета на услугите на Жерар Морено кој поради повреда го пропушти првиот натпревар.
Од друга страна кај Јирген Клоп минатиот викенд против Њукасл во Премиер-лигата, Мохамед Салах одигра само 25 минути, што значи дека ќе биде одморен за вечерашниот реванш.
Натпреварот кој ќе се игра на „Ел мадригал“ е закажан за 21 часот.