Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево со полициска придружба е донесена во СЈО, откако беше приведена во нејзиниот дом во Скопје.
Пред влезот на СЈО се припадници на полицијата, а на паркингот е паркирано полициско комбе. Влез во зградата на СЈО во моментов не е дозволен.
Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева.
Јанева вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет”.
Во 14 часот е закажана прес-конференција во ЈОРМ на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка Лилјана Спасовска и шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска.