Првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ откри дека Карлос Алкараз станал идол на неговиот шестгодишен син Стефан.
– Карлос е прекрасна личност, навистина ми се допаѓа, многу го почитувам. Денеска првпат тренирав со него, иако го видов минатата година на турнир. Неговиот пат до тенискиот врв е апсолутно неверојатен. Тоа што го постигна на таа возраст е добро не само за Шпанија, туку и за целиот свет. Тој веќе е голема ѕвезда. Има се за да биде голем шампион. Неодамна Надал престана да биде број 1 за мојот син, сега Алкараз му е омилен. И двајцата многу му се допаѓаат. Ја имитира нивната игра, форхенд и емоциите на Надал, тоа е многу убаво, истакна Ѓоковиќ
Осумнаесетгодишниот Алкараз е во Топ 10 светски тенисери. Тој на најновата АТП ранг-листа објавена вчера се наоѓа на 9. место.