Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која со полициска придружба попладнево го напушти СЈО, повторно е вратена во нејзиниот дом во скопската населба Козле.
Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека полицијата влегла во СЈО со налог да се одземе компјутерот на Јанева. Засега нема информации зошто Јанева е вратена дома.
Се очекува во текот на денов таа да биде изведена пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Јавното обвинителство за одредување мерка притвор.
ЈО бара притвор за Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.
Полицијата денеска по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом, по што со полициска придружба беше донесена во СЈО.
Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита”, вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет”.