Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Баерн Минехен доби добар играч, мислејќи на Филипе Кутињо. Бразилецот од 2013 до 2018 година играше за „црвените” од Енфилд.
– Баерн доби доминантен играч кој може да му помогне на тимот, а може да биде и клучен. Секако, не веднаш, но на крајот клубот ќе добие одличен играч. Во Ливерпул, тој ретко играше на својата омилена позиција – десетка, но може да одговори и на левата офанзивна страна. Уште од деновите на Алесандро Дел Пјеро, не сум видел играчи кои постигнуваат голови од такви агли и позиции, изјави Клоп.
Кутињо оваа сезона во Баерн ќе игра како позајмен играч. Тој се уште е сопственост на Барселона.