Одбивањето на Европа да воспостави широк простор за соработка може да биде причина да ги загуби своите позиции на глобалната сцена, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на заедничката прес-конференција со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, пренесува ТАСС.
„Поради разни субјективни фактори, изгледите за формирање голем европски дом стануваат се подалечни, а ризиците од фрагментација, што ќе предизвика Европа да ги изгуби своите позиции на глобалната сцена, се зголемуваат.
Секако, одговорните политичари се заинтересирани да избегнат таков пресврт на настани, за да продолжат да напредуваат на патот за градење на нашиот заеднички економски, хуманитарен и, секако, безбедносен простор “, рече тој.