Сириските владини сили отвориле оган врз турска набљудувачница во северозападна Сирија, но нема жртви.
Турските власти потврдија дека инцидентот се случил по авионскиот напад врз турски воен конвој во понеделникот кога загинале тројца цивили, пренесува „Ројтерс“.
Турција има 12 набљудувачки пунктови во северозападна Сирија, според договорот со Русија и Иран.
Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, потврди дека набљудувачниците ќе останат на планираните места.