Јужна Кореја одлучи да го напушти договорот за размена на воени разузнавачки информации со Јапонија, објави новинската агенција „Јонхап“, пцитирајќи го заменик-шефот на Советот за национална безбедност на земјата Ким Ју-геун.
„Владата одлучи да ја прекине размената на разузнавачки информации со Јапонија. Токио ќе добие официјално известување преку дипломатски канали“, Ју-геун на брифингот во Сеул.
Тој нагласи дека Јапонија не успеала да објасни зошто ја исклучила Јужна Кореја од списокот на доверливи трговски партнери, наведувајќи ги како причина поткопаните односи меѓу Сеул и Токио што ги предизвика овие измени во соработката во врска со одбраната на двете земји.
Покрај тоа, Ју-геун објави дека одржувањето на договорот потпишан за споделување на важни воени разузнавачки информации веќе не е во согласност со националните интереси на Јужна Кореја.
На 2 август, јапонската влада го одобри предлогот за отстранување на Јужна Кореја од списокот земји кои примаат јапонски наноматеријали и високо-технолошки компоненти на рационализиран начин и без никакви ограничувања. Одлуката официјално ќе стапи во сила на 28 август.
На 1 јули, Токио ја засили контролата над извозот на три вида материјали во Јужна Кореја, потребни за производство на полупроводници и дисплеи на разни електронски уреди. Одлуката е донесена поради сомневање дека дел од овие компоненти можат нелегално да се достават до Северна Кореја. Сеул категорично ја отфрли таквата идеја и одговори со воведување слични ограничувања против Јапонија.