Стрелците на денешните четири средби од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига не беа многу расположени. Постигнаа само шест погодоци или во просек по 1,5 по натпревар.
Борец и Македонија ЃП славеа минимални победи, а другите два дуела завршијабез победник.
Постигнати резултати:
Борец – Скопје 1:0
Македонија ЃП – Академија Пандев 1:0
Пелистер – Тиквеш 1:1
Струга – Ренова 1:1.
Вчера, Брегалица го победи лидерот и нов шампион Шкупи со 4:1, додека Шкендија забележа минимална победа против Работнички со 1:0.
Табела: Шкупи 71 бод, Академија Пандев 58, Шкендија 56, Македонија ЃП 53, Брегалница 39, Струга 39, Ренова 38, Работнички 37, Тиквеш 30, Скопје 29, Борец 18, Пелистер 10.