Руската атлетичарка Маргарита Плавунова (25) била пронајдена мртва покрај пат, откако и се слишило за време на тренинг.
Трагедијата се случила додека трчала во местото Мошанск, каде била во посета на нејзината баба.
Телото покрај патот го пронашле случајни минувачи.
Локалниот атлетски сојуз соопшти дека причина за смртта е срцев удар, додека извештаите на локалните медиуми тврдат дека причината за нејзината ненадејна смрт е големото оптоварување за време на тренингот, пренесува британскиот „Дејли мирор“.
Според очевидци, Плавунова одеднаш паднала за време на тренингот во регионот каде била на летување. На местото на трагедијата ја пронашле локални жители, кои повикале брза помош, но лекарите не можеле да направат ништо за да и го спасат животот.
Маргарита била повеќекратна студентска и регионална шампионка во дисциплината 60 метри со пречки, а се натпреварувала и на 100 и 400 метри со пречки.
Покрај атлетиката, таа се занимавала и со манекенство.