ЕВРОПАКремљ: Путин не знае ништо за серијата која Британците ја снимаат за негоОбјавено пред 1 минута – 22 август, 2019Од Макфакс
Рускиот претседател Владимир Путин не е информиран за плановите на британска телевизија да направи документарен серијал за него.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека сè уште немаат добиено формално барање за интервју со Путин, пренесе агенцијата „Тасс“.
„Владимир Путин не знае ништо за ова, телевизијата сè уште не се обидела да организира интервју“, истакна Песков.
Британски „Канал 4“ најави дека ќе снима документарна серија во три дела посветена на рускиот претседател. Серијата би требало да се вика „Путин: Руска шпионска приказна“.
Датумот на објавување на серијата сè уште не е познат, но се знае дека таа ќе се осврне на младоста на Путин, неговата служба во советското КГБ и времето што го поминал на власт како претседател и премиер.
Спорад првичните најави, серијата треба да го прикаже Путин како претседател на мисија повторно да ја направи Русија голема светска сила.