Бензема: Уште еден трофеј за најдобриот клуб во светот, имаме и други цели

be Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Карим Бензема на социјалите мрежи објави статус по освојувањето на шампионската титула во Ла Лига.

-Уште еден трофеј за најдобриот клуб во светот. Честитки за тимот кој толку напорно работеше оваа сезона и навивачите кои толку многу не поддржуваа… Реал Мадрид има и други цели! Хала Мадрид! – напиша францускиот интернационалец од Реал Мадрид.

Бензема оваа сезона за шпанскиот великан постигна 42 гола на 42 натпревари.

Реал Мадрид на четири кола до крајот на домашното првенство ја обезбеди титулата.

Можност за трофеј во тековната сезона „кралевите” имаат и во Лигата на шампионите. Тие во првиот дуел од полуфиналната пресметка загубија на гостувањето кај Манчестер сити со 4:3. Реваншот е на 4 мај во Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави