Силен град што ги погоди областите северозападно од Билингс, најголемиот град на американската држава Монтана, уби повеќе од 11.000 птици на 11 август.
Според соопштението за медиумите, биологот Џастин По проценува дека околу една четвртина од птиците на езерото се повредени или убиени.
Околу пет проценти од преживеаните патки и една третина од живите пеликани / корморани „покажуваат некои знаци на повреда или моторно оштетување“, објави „Вашингтон пост“.
„Ова не е невообичаено за нас, но обично се случува во јуни“, објасни метеорологот Шон Палмквист, велејќи дека температурата била под очекуваното за тој период од годината минатата недела, така што натпросечната влажност и силниот ветер предизвикале бура.
Постојат индикации дека градот најпрво започнал да паѓа во близина на езерото и веројатно птиците не го предосетиле.