Гостиватската полиција приведе 49-годишен жител на овој град откако во неговата куќа бил пронајден хероин.
Како што информираат од МВР, дрогата била пронајдена на 22 август при полициски претрес во куќа на улица „Мара Угриноска“.
По целосно документирање на случајот против 49-годишникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.