Деветгодишната Ема Хернандез почина во Детроит во понеделникот, откако била нападната од три питбула.
Девојчето си играло на улица, а откако се случил нападот, сведоците се обиделе да и ’помогнат. Едниот дури пукал кон кучињата.
A memorial has been set up for 9-year-old Emma Hernandez, the Detroit girl who was mauled and killed by a pack of dogs while riding her bike on Monday afternoon. https://t.co/TCwAUrmXMI pic.twitter.com/y10ZWm49qo
— WXYZ Detroit (@wxyzdetroit) August 20, 2019
Фрлив тула на едно куче“, изјавил еден од очевидците, Едвард Круз, за „Си-ен-ен“.
Сосетката Дебора Голден, која исто така живее во соседството, ги слушнала криковите на девојчето. Откако ги видела трагите на каснување на вратот, таа и нејзиниот татко се обиделе да ја реанимираат.
За жал, Ема починала на патот кон болницата.
Сопственикот на кучето (33) е во притвор, но полицијата не го навела неговото име ниту го обвинила за нешто. Неговите кучиња биле однесени во Центарот за заштита и контрола на животните во Детроит каде што најверојатно ќе бидат евтанизирани.