Кристиано Роналдо објави фотографија со новородената ќерка, а објавата веднаш стана вирална и собра неколку милиони лајкови.
Пред нешто помалку од две недели неговата свршеница, Георгина Родригез, која беше бремена со близнаци, го изгуби едното дете при породување.
Момчето почина, но за среќа девојчето преживеа, а Роналдо денес реши да им го покаже на своите фанови.
Фотографијата веднаш стана хит и за само два часа собра 7 милиони лајкови.