Англиската пејачка Ким Вајлд, која стекна голема популарност во осумдесетите, наполни 61 година.
Ким Вајлд порано беше голема музичка ѕвезда, а важеше и за секс бомба.
Нејзиниот прв албум беше успешен во 1981 година, а песната „Kids in America“ беше рангирана на второ место меѓу сите плејлисти во Англија.
Во 1983 година ја доби наградата за најдобар британски женски соло изведувач. Во текот на осумдесеттите и деведесеттите, таа доби повеќе од 10 награди за најдобар пејач во Англија, Германија, Шведска и Холандија.
Ким денес е во шестата деценија, а долго време се занимава со градинарство. Како што вели, тоа и помогнало да се опорави од нервниот слом што го доживеала на врвот на кариерата.
Кога Мајкл Џексон почина, таа видела НЛО

Како што кажа и самата, токму тој настан и го променил животот. Таа видела вонземјани на небото во својата градина ден по смртта на кралот на попот Мајкл Џексон. Тогаш таа се почувствувала поврзана со универзумот.
– Бев во градината со пријател ден по смртта на Мајкл Џексон и видовме две силни светла на небото. Тие беа околу 20 пати поголеми од авионите. Тие лебдеа, а потоа во цик-цак многу брзо мрдаа околу десет минути. Тоа беше во локалните весници и не бевме единствените луѓе што го видоа тоа. Тоа ми го промени животот. Се чувствував поврзана со универзумот и тоа навистина ме инспирираше, ми донесе надеж. Мислам дека тоа е исто како кога некој ќе каже дека го видел Бог – изјави таа во една прилика за магазинот ОК.
Пијанство во метрото
Се претпоставува дека се враќала од прослава на Божиќ.
– По прилично скапан ден, отидов дома со метро и не најдов слободно место. Тогаш маж извади гитара и си помислив: О, почнавме! Тогаш пијаната жена почна да пее. Чекај малку, дали го знам тој глас?! Навистина беше Ким Вајлд! Целосно ми го разубави денот. Благодарам! Таа е апсолутна легенда! Среќен Божиќ на сите, напишал еден од патниците.
Driving home from a beautiful Witham crowd with Dad. Miss my loyal fans so much, you’re all in my heart darlings,until we meet again❤️???? pic.twitter.com/fRVZjmDc1g
— Kim Wilde (@kimwilde) November 12, 2021
Својот последен студиски албум „Here Come the Aliens“ го издаде во 2018 година, а тоа исто така беше нејзин 14-ти албум во кариерата.
Signing out now wishing you all a very Merry Christmas, see you on the other side. Cheers darlings❤️????❄️⛄️???????? pic.twitter.com/XrFPQm7url
— Kim Wilde (@kimwilde) December 24, 2015
Ким е во брак со Хал Фаулер од 1996 година и се родители на две деца, Роуз и Хари.
Cheers London ❤️????❤️@TheCoronet Amazing audience????⛄️???? pic.twitter.com/Hmf4j3mXT5
— Kim Wilde (@kimwilde) December 18, 2015
Нејзиното богатство се проценува на 20 милиони евра.
Преземено од Женски магазин



