Костадинов: Како одговорна, државотворна партија даваме шанси за младите

СДСМ продолжува со промените и со зајакнувањето на капацитетите што се во интерес на граѓаните и имаат за цел забрзување на напредокот. Последните промени во партијата и во Владата се нова енергија, што треба да дадат дополнителен импулс во реализација на мерките што носат дополнителни придобивки за граѓаните, изјави на денешната прес конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Како одговорна, државотворна партија даваме шанси за младите. СДСМ е препознаена како партија носител на промените, отворена за сите млади и докажани луѓе кои сакаат да се вклучат во процесот на реформи. Пораката е јасна и недвосмислена: СДСМ отвора простор за сите кои сакаат и можат, преку сопствен пример да дадат придонес во процесот на развојот на целокупното наше општество.

Од друга страна, тоа не е случај со опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во белиот дворец остануваат заглавени во деструктивната матрица и во одбрана на криминалот и антидржавно однесување. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија продолжува да работи исклучиво по насоките од Будимпешта и осудениот криминалец во бегство Никола Груевски.

Како одговорна партија, остануваме со граѓаните и продолжуваме да се менуваме во нивен интерес. Остануваме силно посветени на заложбите за градење на модерно, развојно општество што нуди можности и шанси за сите.

Треба да знаете
Последни објави