Анархистичката група „Рубикон“ изврши напад на познат ресторан во Халандри, предградие на Атина.
Нападот се случил ноќта помеѓу четврток и петок.
Според полицијата, припадниците на „Рубикон“ провалиле низ влезната врата од ресторанот и внатре фрлиле боја, а потоа заминале, пренесува АНА.
Полицијата не уапсила никого, а групата „Рубикон“ поставила објава за овој напад на еден на антисистемски сајт.