Почина еден од најпознатите фудбалски менаџери Мино Рајола

На 54-годишна возраст денес почина италијанскиот фудбалски менаџер Мино Рајола. Од многубројните свои клиенти, Рајола ги застапуваше интересите и на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд, Џанлуиџи Донарума, Матијс де Лихт, Марко Верати, Хенрих Мхитарјан…

Во јануари беше објавено дека Рајола е итно хоспитализиран во Милано, но гласините подоцна беа демантирани од неговото опкружување: „Мино беше на рутински медицински преглед со помош на анестезија. Ова е рутинска проверка, немаше итна интервенција”.

Се шпекулира дека Рајола имал проблеми со белите дробови. 

Треба да знаете
Последни објави