Обрачот околу Зоран Заев и СДСМ се затега околу случајот Рекет се повеќе се затега. Информациите за записникот и исказот на оштетениот во случајот РЕКЕТ кои што излегоа во медиумите вчера, а потврдени од обвинителот за еден новинар и потврдени од Јавното обвинителство, ги отворија сите картите како се одвивал целиот Рекет на бизнисмени и политичари во Република Македонија.
Очигледно е дека Зоран Заев знаел за случајот Рекет и не само што знаел, туку и позадински го водел и управувал целиот Рекет, како да се одвива и ги полнел со информации оние кои што биле негови извршители.
Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го говори веќе подолго време. Зоран Заев е главата на криминалниот октопод на оваа Влада и Зоран Заев е ништо повеќе од еден обичен аболициран криминалец.
Зоран Заев не само што не го пријавил случајот Рекет, туку како што видовме од записникот и го опструирал. Од она што можеше јавноста да го види е дека Заев кога дознал дека оштетениот го пријавил случајот, ги предупредил извршителите на рекетот, неговите извршители да прекинат комуникација со оштетениот бизнисмен.
Дали Зоран Заев лажеше дека се сретнал со второосомничениот и дали Зоран Заев ги предупредил извршителите да се повлечат и да ја прекинат комуникација со семејството на оштетениот?
Колку од парите кои што се земени од рекетот во Луј Витон ташна завршиле кај Зоран Заев?
Криминалниот октоподот е многу поголем од што изгледа. Вмешани се политичари, обвинители, судии, адвокати, вработени во телевизијата на Бојан 13, членовите на меѓународниот сојуз и многу други.
Пипците во судството на Заев ги докажува и уцената кон семејството на притворениот преку брат на судијката Димишкова. Имено, парите кои се бараат да се “подмачка” судијката Димишкова е истата судијка која го ослободи Зоран Заев од случајот “Поткуп”, каде што исто како и сега е фатен жив во криминал, но таа е и истата судијка која го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ по барање на СЈО, за веднаш потоа биде повикан и уценет и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски од страна на Катица Јанева, за возврат доколку се одмрзне имотот на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, да биде дадена поддршка од страна на партијата за продолжување на мандатот на Катица Јанева, кој нормално Претседателот Мицкоски не потпадна на уцените од страна на Катица Јанева, за која се покажа дека е исто така вмешана во огромен коруптивен криминал.
Зошто се уште синот на Катица Јанева, Лазар Јанев не е притворен? Зошто се уште не е притворен главниот соучесник на Боки 13 и Катица Јанева кој рекетирал фирми под превез на реклами за телевизијата во која работел? Зошто се уште не е повикан ниту на распит синот на Катица Јанева кој на состаноците со бизнисмените, замислете настапувал со фразата: Знаеш ли чив син сум јас? Епа еве, видовме дека си син на криминалец, а обвинителството да не чека и да го повика уште веднаш да даде исказ.
Епа, Зоране Заев, ти дојде крајот.
Се повеќе се одмотува клопчето и се поблиску е истрагата до главата на криминалниот октопод а тоа е Зоран Заев.
Јавното обвинителство после ова не може да ја спречува и опструира истрагата и да ја води во корист на Зоран Заев и неговите пајташи. Веднаш сите споменати во исказот на оштетениот да бидат повикани на распит и да се расчисти и обелодени нивната инволвираност во случајот Рекет. Значи наместо Јовче Ременски да се заканува јавно по социјалните мрежи со апсења, со Џандар збира и слични коментари жена му која што исто така ја споменуваат, да биде повикана за исказ и истата таа односно нејзината инволвираност во целиот случај да биде расчистен, бидејќи како што рековме оваа афера можеби е една од најголемите во сите времиња до сега и овој криминален октопод мора да се разбие.
Одговорност мора да има за сите до еден.
Новинар прашање: Обвинителството излезе со соопштение дека откривањето на доверливи информации може да ги загрози животите на инволвираните лица во истрагата, може да доведе до опасност за текот на истрагата, како би го коментирале ова?
-Јас вака би рекол. Да не забораваме дека обвинителството четири месеци ја доцнеше истрагата, цели четири месеци остави простор Катица Јанева да форматира, да брише компјутери, да брише траги, докази итн. Така да единствено што може да го загрози целиот случај, односно да му даде ветер во грб на Зоран Заев е тоа доколку истрагата не се врши поекспедитивно и попрофесионално, а тоа е како што рековме да не застане само на овие тројца кои што се во притвор, туку да се истражат сите ама баш сите инволвирани и нормално што побрзо да се повика на распит секој еден кој што е вмешан во целиот случај, вклучително и Зоран Заев за кој што слушнавме и видовме дека е еден од луѓето кои што позадински управувал со Рекетот.
Новинар прашање: Има ли договор со власта за новиот Закон за обвинителство, бидејќи законот е ставен во вторник?
-Видете ние веќе еднаш кажавме, работните групи го тераат процесот на преговарање во однос на Законот за јавно обвинителство, ние веќе предложивме кои се нашите параметри на новиот Закон кој што треба да биде неселективен, во спротивно во однос на СЈО, би можеле само да порачаме да се истражи секоја една инволвираност и секоја една замешаност на сите вработени во СЈО за дури потоа да може да се размислува што со тие луѓе понатака кои што во моментов работат, дали како обвинители, истражители и се останато во обвинителството?
Новинар прашање: Дали поради овој мега скандал ќе побарате доверба од владата, оставка од владата, мислам во парламентот, дали ќе покренете некоја иницијатива.
-Најпрвин сакаме да оставиме простор на обвинителството да ја забрза истрагата да не ја води како досега, да го расчисти целиот случај и да доведе до самиот крај. Да видиме дали ќе ја истера правилно под притисок на јавноста, бидејќи како што знаеме ова судство и обвинителство е под палката на Зоран Заев, но притисокот од јавноста и од страна на партиите е многу поголемо и од сите меѓународните фактори да се разреши целиот случај во детали. Доколку не се разреши и доколку се обиде да се забошоти, секој еден инволвиран да се отргне од истрагата за сметка на тројца кои што се притворени, веднаш потоа ќе излеземе со нашите следни чекори кои ќе бидат и како ќе бидат во блиска иднина.