Синоќа во 23.40 часот во СВР Битола, Ф.И.(26) од с.Арачиново, Скопско, пријавил дека на патот Градско – Прилеп, додека го управувал возило „мерцедес”, во моторот на возилото настанал пожар.
Возачот сам го изгаснал пожарот. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.