Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, избран е за нов селектор на фудбалската репрезентација на Австрија. Тој ќе го тренира Јунајтед до крајот на сезоната, а потоа ќе ја преземе улогата на советник, која ќе ја извршува паралелно со селекторската функција. На клупата на Манчестер Јунајтед ќе го замени Ерик тен Хаг.
За Рангник ова е прва селекторска функција во кариерата, а ќе дебитира против Хрватска на 3 јуни во меч од Лигата на нациите. Тој претходно водеше голем број германски клубови, како Штутгарт, Хановер и Шалке, додека Хофенхајм своевремено го внесе во Бундеслигата. По ова го презеде РБ Лајпциг, по што ја презеде функцијата на спортски директор во Лајпциг и Салцбург каде оствари забележителни успеси.