Кортни Кардашијан му го подари автомобилот од соништата на свршеникот Тревис Баркер за неговиот 46. роденден минатиот викенд.
Иако тапанарот на „Блинк-182“ не го прецизираше моделот или годината на својот нов автомобил, таблоидите откриваат дека 42-годишната реалити-ѕвезда му подарила винтиџ Buick GNX, кој чини околу 205,000 долари, според Motor Biscuit.
Во очите на љубителите на автомобили, високата цена е навидум оправдана бидејќи се смета за суперавтомобил од 80-тите и е побрз од повеќето луксузни спортски автомобили.
„Кога вашата девојка од соништата ќе ви го набави автомобилот од соништата @kourtneykardash,“ напиша Тревис во објавата на својот Инстаграм-профил и сподели слајдшоу од црно-бели фотографии.