Полицијата казнила 46 несовесни мотоциклисти, информира МВР. Акциската контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли била извршена вчера од 18.30 часот до утрово до 1.30 часот.
При контролата санкционирани се 46 возачи на мотоцикли, за што им се издадени прекршочни платни налози.
Исто така, откриени се и 35 останати прекршоци, за што се издадени 27 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.